Connect with us

Алаѓозовски: АП Брера сака да се надигрува и против Шкендија

Новиот тренер Мартин Алаѓозовски го препороди тимот на АП Брера. На последните четири натпревари струмичани не знаат за пораз, а остварија три победи, последната против еден од кандидатите за титулата Струга Трим Лум, и тоа на гости (2-4).

Но, за избраниците на Алаѓозовски следи нов голем предизвик, затоа што денеска пред домашната публика ќе ја пречекаат Шкендија.

„Искрено, дури и јас не очекував дека вака брзо ќе „кликнеме“ меѓусебно, дека фудбалерите апсолутно ќе ја прифатат мојата фудбалска идеја и начинот на работа и дека тоа експресно ќе донесе одлични резултати. Јас барам од младите фудбалери само да играат фудбал растоварено, да се надигруваат со сите, а тие покажаа дека можат да ги надиграат и дел од најдобрите. Идентичен ќе биде пристапот и против Шкендија. Сакам да се надигруваме. Воопшто нема да мислиме само на одбраната, како да лежиме на терен за да задржиме време и нешто слично. Ќе играме фудбал, со намера да нападнеме кога тоа ќе ни го дозволи и противникот, затоа што мора да кажам дека имам преголем респект за Шкендија. Тоа е одличен тим, еден од најдобрите во лигата, оваа сезона настапуваат и во Конференциската лига на УЕФА. Но, токму затоа и за нас претставуваат уште поголем предизвик“, изјави тренерот на АП Брера, Мартин Алаѓозовски.

Натпреварот меѓу АП Брера и Шкендија се игра со почеток од 13:30 часот на стадионот Благој Истатов“ во Струмица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови