
Претседателот на францускиот клуб Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи, ги демантираше преговорите со Зинедин Зидан за преземање на клупата на парискиот тим и му даде поддршка на актуелниот тренер Маурисио Покетино.
Ал-Келаифи за време на доделувањето на „Златната топка“ во Париз изјави дека ПСЖ нема никакви контакти со Зидан, иако тој верува дека Французинот е врвен тренер. Истовремено го поддржа актуелниот стратег Маурисио Покетино.
„Тој е тука, ние сме многу задоволни затоа што работи добро“, изјави Ал-Хелаифи.
Зидан е без работа откако го заврши вториот ангажман во Реал Мадрид во мај. Тој наводно го чека селекторското место на Франција по Светското првенство во Катар следната година. За време на првиот мандат во „кралскиот клуб“, Зидан освои три последовни титули во Лигата на шампионите од 2016 до 2018 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
