
Трансферната сага околу шведскиот напаѓач Александер Исак добива нова димензија. Англискиот првак Ливерпул покажува силен интерес за 25-годишниот фудбалер, но не е единствениот клуб кој сака да го ангажира.
Саудискиот гигант Ал-Хилал ја следи ситуацијата и подготвува „огромна понуда“ за Исак. Клубот од Саудиска Арабија е во потрага по засилување во нападот и е подготвен да ја искористи својата финансиска моќ за да го убеди и фудбалерот и Њукасл да ја прифатат понудата.
Оваа информација доаѓа откако англиските медиуми открија дека Ливерпул веќе понудил рекордни 130 милиони фунти, но понудата била одбиена од страна на управата на „чавките“.
Ал-Хилал сега се надева дека ќе може да профитира од ваквиот развој на настаните, иако трансферот на Исак останува исклучително тежок. Тој има уште три години од договорот со Њукасл и е еден од најважните играчи за менаџерот Еди Хау.
Во минатата сезона, Исак постигна 27 голови во сите натпреварувања и одигра клучна улога во освојувањето на Карабао Купот – прв трофеј за Њукасл по цели 70 години. Покрај тоа, тимот обезбеди и настап во Лигата на шампионите, со Исак како еден од главните двигатели на успехот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
