Жозе Мурињо е нејсериозниот кандидат за нов тренер на саудискиот фудбалски гигант Ал-Хилал. Тимот од Ријад во неделата се раздели со Жорге Жесус и сега е во потрага по нов предводник.
Мурињо моментално е на чело на турски Фенербахче и има договор уште една сезона. „Специјалниот“ доживеа неуспех со тимот од Истанбул – има заостанување од осум поени зад лидерот Галатасарај, беше елиминиран од Купот на Турција, како и од Лига Европа. Португалецот е жестоко критикуван во Турција, па нема да биде изненадување доколку го напушти клубот летово.
Ал-Хилал исто така има слаб резултатски ефект оваа сезона. Клубот ја загуби титулата во Саудиска Арабија – коло пред крајот заостанува шест поени зад лидерот Ал-Итихад. Покрај тоа, тимот испадна и од азиската Лига на шампиони по поразот од Кавасаки Фронтале.
Според информациите, Ал-Хилал има уште двајца кандидати за клупата, покрај Мурињо – и двајцата се Португалци: Нуно Еспирито Санто и Марко Силва.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













