Саудискиот клуб Ал-Хилал е првиот финалист на Светското клупско првенство кое се одржува во Мароко, откао во полуфиналето го изненади бразилскиот Фламенго со 3-2. Бразилците едно полувреме беа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Жерсон, а Ал-Хилал тоа знаеше са го искористи.
Салем Ал Давсари во четвртата минута од пенал донесе водство за Ал-Хилал, а израмни Педро во 20.минута. Сепак, во последните мигови од првиот дел, Жерсон направи пенал, а повторно го реализираше Салем Ал Давсари.
Во вториот дел, Лусијано Вието зголеми на 1-3, а Педро во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Во второто полуфинале утре се среќаваат Реал Мадрид и Ал-Ахли.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski