Connect with us

Ако Чаби Алонсо остане на клупата, Валверде се сели во Манчестер Јунајтед?

Иднината на Федерико Валверде во Реал Мадрид станува сè понеизвесна по конфликтот што го имал со тренерот Чаби Алонсо. Според шпанските медиуми, Уругваецот е еден од неколкуте играчи кои не се задоволни од методите на Чаби Алонсо и начинот на работа под негово раководство.

Иако Валверде има договор со клубот до 2029 година, се тврди дека би размислил за заминување доколку Алонсо остане на клупата и по крајот на сезоната.

Интересот за него веднаш се зголеми, а Манчестер Јунајтед наводно веќе стапил во акција. Менаџерот Рубен Аморим е голем обожувател на стилот на игра на Валверде и би сакал да го доведе на „Олд Трафорд“.

Сепак, евентуалниот трансфер би бил исклучително скап – Реал би барал околу 120 милиони евра. Јунајтед наводно подготвил понуда од 90 милиони, но се очекува Реал Мадрид да не ја прифати.

Валверде, од друга страна, би претпочитал да остане во Реал, но само ако Чаби Алонсо добие отказ. Претходно, Чаби Алонсо имаше тензии и со Винисиус Жуниор, што дополнително го зголемува притисокот врз него.

Во Англија се пишува дека за Винисиус сериозно се интересира Челси, но и двата гиганти од Манчестер, додека понуди има и од Саудиска Арабија.

Пресвртот може да се случи многу брзо: натпреварот против Атлетик Билбао наводно е одлучувачки за иднината на Чаби Алонсо. Ако Реал не победи, Флорентино Перез наводно ќе го смени и ќе го назначи Зинедин Зидан како привремен тренер до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови