Connect with us

Академија Пандев ќе се повлече од Првата лига, Вардар со шанса да остане во елитата?

Македонскиот прволигаш Академија Пандев најавува повлекување од Првата фудбалска лига. На едно коло пред крајот на првенството, кога се уште нема изборено опстанок, најмладиот македонски прволигаш, кој е во сопственост на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, потенцира дека клучно за нивниот опстанок е усогласувањето на Статутот на ФФМ со Законот за спорт.


„Значи мојот газда, Горан, нашиот идол да кажам, нашиот сопственик, сме на размислување да се повлечеме од активното играње во нашата Прва фудбалска лига се додека не се усогласи Статутот со Законот за спорт. Ние имаме потрошено некаде околу три милиони евра инвестиции, зборувам за овој 11-годишен циклус, невклучувајќи го овде и самиот спортски центар“, изјави Југослав Тренчовски, клупскиот координатор на ФК Академија Пандев за „360 Степени“.

Дали ова може да го остави Вардар во елитата? Како клуб позициониран на 11.место, прв во зоната на испаѓање, доколку Академија Пандев самостојно одлучи да се повлече, тогаш Вардар би играл во баражот, а Првата лига би ја напуштиле Беласица согласно пласманот и Академија Пандев поради самостојна одлука на раководството на клубот.

„Незадоволни сме од ланската сезона, од прогласувањето на ковид-пандемијата. Фудбалската федерација доби 4,3 милиони евра по повид ковид пандемијата од УЕФА и истите тие средства требаше, според наша логика, да бидат распределени за обнова на фудбалската заедница. Фудбалската заедница ја сочинуваат фудбалските клубови, не ја сочинува фудбалската федерација“, изјави Југослав Тренчовски.

Клубот смета дека во моментов раководството на ФФМ се избира спротивно на Законот за спорт и ги става клубовите во подредена позиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови