Во директен меѓусебен дуел, Академија Пандев и Вардар денеска во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се обидат да го поправат впечатокот по стартните порази од новата сезона во елитното домашно друштво.
И двете екипи во 1. коло од шампионатот загубија минимално со 1-0, „пандевци“ на гостувањето против Пелистер во Битола, а Вардар на домашен терен од Борец. Но, и двата тима во игра далеку под очекувањата на најверните фанови.
И покрај сериозните проблеми со кои се соочува во желбата за креирање на конкурентен тим, амбицијата на составот на Александар Васоски е позитивен впечаток во Струмица и атак на првиот бод во новата сезона.
Борец, пак, дополнително мотивиран по претходниот триумф против Вардар сега амбициозно со атак на нови три бода во својот Велес ја пречекува Ренова.
ПМФЛ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ПРЕТХОДНО
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА 2-0
Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 2-2
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













