Ајнтрахт Франкфурт е пред потпис на напаѓачот Саша Калајџиќ од Вулверхемптон на позајмица, објави агентот на играчот, Сашa Емпахер.
Калајџиќ, поранешен играч на Штутгарт и австриски репрезентативец, ќе го носи црвено-црниот дрес на Ајнтрахт до крајот на сезоната. Тој не успеа да обезбеди место во стартниот тим на „волците“ поради неколку повреди кои го исфрлија од ритам.
За Ајнтрахт доаѓањето на Австриецот е добра вест бидејќи останаа без типичен центарфор по продажбата на Рандал Коло Муани на Пари Сен Жермен на крајот на летото. Тогаш Дино Топмолер мораше повторно да ја прилагоди шемата на играта и да ги смени позициите на некои играчи. Најчесто го користеше Египќанецот Омар Мармуш, но тој не е типична „деветка“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













