Струга Трим Лум не го дава шампионскиот пехар. Уште една сезона трофејот ќе мине во витрините на клубот крај езерото.
Стружани покажаа класа кога беше најпотребно и ја победија Шкендија среде Тетово во дуел кој директно решаваше за титулата. На крајот добија и заслужени аплаузи од објективната тетовска публика.
На коло пред крајот, сѐ е познато, освен кој ќе биде вториот патник во Европа, дали Шкендија или Шкупи. Тетовци се во пол-позиција пред последното коло. Вардар ќе мора да го сочува прволигашкиот статус преку бараж натпревар против Детонит Плачковица, третопласираната екипа во Втората лига.
МАКФУДБАЛ го избра најдобриот тим за 32. коло во Првата лига. Го предводи стратегот на Струга ТЛ, Меритон Гега.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 32.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА
- ВЕДРАН ЌОСЕВСКИ (СТРУГА ТЛ)
- САВА РАДИЧ (СТРУГА ТЛ)
- АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ (БРЕРА)
- РАШИД СОДИК (РАБОТНИЧКИ)
- КЕИТ ЛАРСОН (МАКЕДОНИЈА ЃП)
- ФИЛИП ДУРАНСКИ (ВАРДАР)
- СТЕФАН МИЛОСАВЉЕВИЌ (СИЛЕКС)
- БУЏАМИН ШАБАНИ (СТРУГА ТЛ)
- МАРЈАН РАДЕСКИ (СТРУГА ТЛ)
- БЕСАРТ ИБРАИМИ (СТРУГА ТЛ)
- САМИР ФАЗЛИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО. МЕРИТОН ГЕГА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski