Будуќност не успеа да ја совлада Сутјеска во дербито од 32. коло на црногорското првенство. Натпреварот заврши 2-2 и титулата е сѐ подалеку за тимот од Подгорица.
По овој натпревар на теренот се случи вистински хаос. Играчите излегоа пред незадоволните навивачи, беа упатени остри зборови и навреди, но не заврши тука бидејќи се случи невиден скандал.
Голманот на Будуќност, Ѓорѓије Павличиќ, револтирано притрча кон својот соиграч Игор Ивановиќ и потоа го удри, па буквално го нокаутира.
Тој не застана тука. Потоа го следеше до соблекувалната и не се знае дали дошло до нова физичка пресметка.
Она што се знае е дека после тоа и навивачите на Будуќност влетале во соблекувалните и навистина се тоа скандалозни сцени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal