Реал Мадрид е на прагот да се откаже од идејата да го ангажира дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, претстојното лето. Канадскиот интернационалец во последните месеци беше поврзуван со „кралскиот клуб“ откако одби да потпише нов договор со баварскиот гигант. Дури се шпекулираше дека тој веќе имал устмен договор со Мадрид.
Сепак, според информациите на „Релево“ голема е веројатноста трансферот да пропадне.
На „Сантијаго Бернабеу“ ги променија приоритетите и решија да го земат Алфонсо Дејвис само доколку договорат некој многу поволен договор со Баерн или ако е во прашање разделба со Ферлан Менди. Сепак, второто е сè поневеројатно. Французинот беше пријатно изненадување оваа сезона и се истакна на левата страна на одбраната. Клубот дури размислува да му понуди нов договор.
Во Реал планираат напорите да ги пренасочат кон засилување на центарот на одбраната, каде може да се појават посериозни пробиви поради повредата на Давид Алаба и заминувањето на Начо Фернандез.
Се верува дека од „Бернабеу“ се насочиле кон 18-годишниот талент Лил, Лени Јоро, кого го следат подолго време. Неговиот договор исто така истекува за една година и тој одби повторно да потпише, а Лил се очекува да го пушти за скромна сума.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













