Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд верува дека „црвените“ сѐ уште имаат шанси да ја освојат титулата во Премиер – лигата оваа сезона.
„Мислам дека во оваа фаза од сезоната веројатноста Манчестер Сити да изгуби бодови е мала. Тоа е затоа што тоа ретко се случуваше во минатото. Минатата недела беше разочарувачка за нас, не ги остваривме резултатите што ги посакувавме. Но, ако нешто се случи, ако Арсенал и Манчестер Сити загубат бодови, тогаш ќе бидеме во добра позиција. Имаме уште пет финалиња. Да направиме пет победи во петте меча е единственото нешто што можеме да го очекуваме од себе, единственото нешто кон кое треба да целиме“, изјави Александер-Арнолд.
Во моментот, на врвот во Премиер – лигата е Арсенал. На второто место е Ливерпул, а на третата позиција е Манчестер Сити. Сепак, „граѓаните“ имаат два одиграни натпревари помалку од лидерот Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal