Connect with us

Горан Здравков се повлече од клупата на Брегалница

Македонскиот прволигаш Брегалница спогодбено се раздели со шефот на стручниот штаб Горан Здравков, по серијата негативни резултати на тимот во пролетниот дел од сезоната.


Брегалница во последните шест натпревари е без победа, со четири порази и само две ремија, поради што од морални причини следи повлекувањето на Здравков од тренерската функција а во насока на позитивен импулс за тимот и фудбалски Штип во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.


„Од морални причини се повлекувам од тренерската функција во Брегалница, затоа што искрено чувствувам дека сето тоа е единствено решение во интерес на клубот и градот кои заслужуваат далеку повеќе од својот миленик. Силно верувам во овој тим и фудбалерите на Брегалница за кои знам дека можат и мораат многу повеќе. Од срце им посакувам до крајот на сезоната да се изборат за целите и амбициите кои беа зацртани со стартот на сезоната, на радост на најверните навивачи на клубот“, изјави Здравков.


Наредните денови раководството на Брегалница се очекува да го официјализира наследникот на Здравков пред кого ќе е задача да се избори за опстанок во елитното друштво.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови