
Шкупи не успеа да обезбеди предност против Тиквеш во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија. Дуелот на Чаир заврши без голови (0-0), па јасно е дека патникот во финалето ќе се решава на реваншот во Кавадарци.
Тимот на Ѓорѓи Мојсов и во второто гостување на Чаир оваа сезона остана непоразен. Со цврста и еластична одбрана успеа да го одржи почетниот резултат, иако не делуваше безопасно и кон голот на Иљази.

Шкупи беше за нијанса подобар противник, а единствената стопроцентна можности ја имаше Јоан Eдмундсон во првото полувреме, во 28.минута. Тој успеа да обезбеди од противничките фудбалери, но не успеа да го совлада и противничкиот голман Ренер кој истрча и му го скрати аголот.
Во вториот дел убав обид имаше и Дуду, но Ренер повторно успеа да одбрани.
Реваншот во Кавадарци е закажан за 17 април.
Утре се игра и првиот меч од вториот полуфинален натпревар, во Охрид се среќаваат Воска и Македонија ЃП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
