
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) во Анталија ќе го одигра вториот пријателски натпревар, а противник е селекцијата на Црна Гора.
Ќе биде тоа посебен меч за голманот Столе Димитриевски, кој ќе се потсети на своето деби, кое го имаше токму против оваа селекција.
„Утрешниот меч ќе биде посебен за мене, бидејќи дебитирав за националниот тим против Црна Гора во победата од 3-1 во Скопје. Мислам дека Црногорците се поквалитетен состав од Молдавија. Секој натпревар е нова подготовка за тоа што ни следи во Лигата на нации, а мислам дека мора да ја подобриме концентрацијата во финишот на мечот, бидејќи често примаме голови во последните 20 минути. Голот што го примив со Молдавија беше најтрактивен што имам примено во последните пет или шест години. Верувам дека ќе имам позитивен настап на утрешниот дуел“, изјави Столе Димитриевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal