Connect with us

Дали Ливерпул требаше да добие пенал за кунг-фу ударот на Доку? (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Сити одиграа 1:1 на „Енфилд“, во дербито на 28. коло од Премиер – лигата.


И додека Сити сосема заслужено поведе по првите 45 минути, „црвените“ беа подобар противник во преостанатиот дел од мечот, па малку недостигаше да направат и целосен пресврт.

Такво нешто ќе беше сосема реално доколку судијата Мајкл Оливер досудеше пенал по невнимателниот старт на Жереми Доку над Алексис Мекалистер во последните моменти од натпреварот.

Доку тргна со кунг-фу удар, а Аргентинецот остана на земјата повеќе од 30 секунди по ударот со нога во градите. Сепак, Оливер не се огласи со свирката.

Дали Ливерпул е оштетен за пенал?!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови