Connect with us

Ливерпул и Челси во трка за Нико Вилијамс

Англиските гиганти Ливерпул и Челси се заинтересирани за големиот талент на шпанскиот фудбал и член на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.


Ситуацијата ќе биде проблематична за секој клуб што ќе се обиде да го ангажира, бидејќи тој можеше да продолжи како слободен играч на крајот на сезоната, но, сепак, се реши да го продолжи договорот со баскискиот клуб.

Претходниот договор му истекуваше следното лето, но сега неговиот нов договор има откупна клаузула вредна 50 милиони евра.

Но, и тоа не е преголема сума за елитните клубови од Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови