Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, може да го надмине рекордот на Роберт Левандовски во Бундеслигата од 41 гол во една сезона, изјави тренерот Томас Тухел.
Англискиот напаѓач го постигна својот четврти хет-трик во Бундес-лигата сезонава во триумфот од 8-1 против Мајнц и го зголеми својот број на 30 на девет натпревари до крајот на сезоната.
„Верувам дека Хари ќе постигне сè. Тој го прави она што отсекогаш го правел во текот на кариерата. Тој дава голови, тој е пример за другите, тој е одлична личност. Задоволство е да го тренирам”, изјави Тухел.
Спортскиот директор Кристоф Фројнд потенцираше дека Хари Кејн е неверојатно засилување за баварскиот тим.
„Хари е феномен со головите што ги постигнува. Но, исто така неверојатно е како работи за тимот. Со него Баерн доби неверојатен голгетер“, изјави Фројнд.
Сè што му недостига на Хари Кејн е трофеј што никогаш не го освоил со Тотенхем и со репрезентацијата на Англија. Изгледа дека Баерн ќе ја пропушти титулата во Бундес-лигата за првпат по 12 сезони, откако Баер Леверкузен води убедливо на врвот.
Баварците испаднаа и од Купот на Германија, но продолжуваат во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













