Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја прокоментира победата на неговиот тим со 2-1 против Брентфорд во средбата од 28. коло на англиската Премиер лига. Успехот дојде исклучително тешко со гол во последните минути, а стратегот на „топчиите“ изјави дека за него поважен е шампионскиот дух и начинот на кој се постигнуваат победите од првото место на табелата на кое Арсенал се искачи во пресрет на денешното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
„Многу сум задоволен од резултатот и начинот на кој го постигнавме. Покажавме храброст и бевме наградени. При 1-0 сѐ можеше да биде сосема поинаку, но откако примивме гол моравме да се вратиме и на крајот ја заслуживме победата. Има една одлична работа кај нашите навивачи – тие нѐ поддржуваат дури и кога грешиме. Имаше одредени работи кои моравме да ги надминеме и целосно верувавме дека ќе го направиме тоа и го направивме“, изјави Артета.
„Победничкиот стил е 100% од духот што го покажавме. Благослов е да се биде дел од нешто толку посебно што се обидуваме да го постигнеме“, додаде Шпанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













