Габриел Мартинели и Букајо Сака ќе бидат дел од тимот на Арсенал кој утрего пречкува Брентфорд во Премиер-лигата. Ова го потврди менаџерот Микел Артета.
Двајцата напаѓачи беа заменети за време на победата од 0-6 против Шефилд Јунајтед во понеделникот, при што Мартинели заработи исеченица, а Сака се чувствуваше лошо.
„Прилично сме сигурни и се надеваме дека ќе можат да бидат дел од тимот. Но, ќе треба да видиме како ќе се чувствуваат и утре“, рече Артета.
Арсенал е третопласиран во Премиер – лигата со 61 бод, два бода помалку од лидерот Ливерпул, кој се соочува со актуелниот шампион Манчестер Сити, инаку второпласиран на табелата со 62 бода.
Артета рече дека Арсенал, кој победи на седум првенствени натпревари по ред, мора да се фокусира на одржување на сопствениот моментум, а не на резултатите на нивните ривали за титулата.
„Треба само да се фокусираме на нашата игра, да се обидеме да победиме, а потоа во недела ќе имаме натпревар кој треба да биде убав за гледање за секој навивач. Ќе уживам да гледам два од најдобрите тимови во Европа. Ќе седам таму со моите деца и ќе уживам во играта“, додаде Шпанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













