
Томас Тухел на крајот од сезоната го напушта Баерн Минхен, а неговата главна цел е враќање во Премиер – лигата.
„Скај Спортс“ открива дека Тухел веќе размислува за следната работа, дека е мотивиран и подготвен веднаш да продолжи со работа и дека приоритет му е да се врати во Англија.
Очигледно Тухел не ја затворил вратата на Челsи и не би имал ништо против да се врати на „Стемфорд бриџ“, бидејќи смета дека таму има незавршена работа. Точно е дека Тухел ја освои Лигата на шампионите во 2021 година во таа позната победа над Манчестер Сити во финалето, но подоцна беше отпуштен по само четири месеци.
Челси до сега не успеа да најде адекватна замена, бидејќи не успеа ниту со Грем Потер, ниту со Френк Лампард, а неубедлив е и Маурисио Покетино.
Лондонскиот клуб разгледува голем број опции како Рубен Аморим и Роберто Де Зерби, но Тод Боели размислува и за враќање на Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal