Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е воодушевен што неговиот тим се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите седма година по ред. Актуелниот бранител на трофејот го елиминира ФК Копенхаген со две победи од 3-1 во осминафиналето.
„Беше тешко да се нападне ФК Копенхаген затоа што тие се добро организирани, играат со четворица или петмина позади. Но, ние сме тим кој верува дека секогаш може да победи. Најважно е дека стигнавме до четвртфиналето седум години по ред“, изјави Гвардиола.
Менаџерот направи седум промени во својот тим од минатонеделната победа од 3-1 над градскиот ривал Манчестер Јунајтед, а пред дербито со лидерот Ливерпул овој викенд.
„Ни требаше енергија и свежи нозе. Знам колку беа уморни, исцрпени некои од моите играчи.. Повторно играме важен меч и во недела, па ни беа потребни свежи нозе“, истакна менаџерот на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













