
Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, но добива сѐ повеќе опции за продолжување на кариерата и по заминувањето од „Бернабеу“. Се споменуваа понуди од Саудиска Арабија и од МЛС-лигата, но Модриќ би можел да остане и во Европа.
Последните најави велат дека сериозен интерес за Лука Модриќ покажуваат и Фенербахче и Галатасарај. Германски „Билд“ ги пренесува информациите од турски извори и наведува дека двата познати турски клуба подготвуваат понуда за хрватскиот играч за врска.
Двата клуба наводно се подготвени да му понудат едногодишен договор со опција за продолжување на дополнителна сезона со годишен приход од 3,5 милиони евра. Преговорите, истакнува „Билд“, би можеле да започнат за неколку дена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal