
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Лајпциг вечерва ќе биде посебен, бидејќи за првпат во историјата на Лигата на шампионите „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде со целосно затворен покрив. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде учесник во големиот спектакл.
Од пред неколку месеци, по големото реновирање на стадионот, „Сантијаго Бернабеу“ има подвижен покрив.
Начелно сите домаќинства на „кралевите“ во Шпанија досега во календарската година се одржаа на овој начин, но се бара дополнителна дозвола од УЕФА за натпреварите од европските натпреварувања. Таа е издадена утрово за време на техничкиот состанок, открива „АС“.
Затворањето на стадионот вечерва не е поради очекувано лошо време, бидејќи прогнозата исклучува дожд, а температура на воздухот ќе биде околу 10 степени Целзиусови.
Сите билети се распродадени пред две недели, а за фановите во Лајпциг се одвоени 4.000 места.
Предвидена е и специјална кореографија по повод роденденот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
