Connect with us

Легенда на Реал ќе го замени Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен?

Чаби Алонсо има неверојатна сезона со тимот на Баер Леверкузен, на прагот е на историска титула во Бундес-лигата, а најголемите европски клубови се тркаат за неговиот потпис.


Како главен кандидат за доведување на Чаби Алонсо се споменува неговиот поранешен клуб Ливерпул, кој е во потрага по наследникот на Јирген Клоп. Сепак, и Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за неговите услуги.

Сега прашањето е кој ќе го замени Чаби Алонсо во Баер Леверкузен. Наследникот повторно би можел да дојде од младинската академија на Реал Мадрид. Таму легендарниот напаѓач Раул е на чело на Б – тимот на „кралскиот клуб“.

Раул го знае германскиот јазик, што е многу важен фактор, а ја познава и Бундес-лигата од периодот кога мина две сезони во Шалке 04.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови