Не стивнуваат страстите околу контроверзниот натпревар меѓу Валенсија и Реал Мадрид одигран претходниот викенд. Судијата Хесус Хил Манцано ќе биде суспендиран долго време поради лошото судење, а денеска казната за црвениот картон ја дозна и играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам.
Англискиот фудбалер ќе ги пропушти следните два натпревари на Реал Мадрид поради црвениот картон што го доби по завршувањето на натпреварот од Ла Лига меѓу Валенсија и Реал Мадрид на „Месталја“.
Дуелот заврши на контроверзен начин. Реал Мадрид беше во акција, судијата Хесус Хил Манцано отсвири крај во моментот Брахим Дијаз нафрли, па голот што го постигна Белингам неколку секунди подоцна не беше признаен и остана 2-2.
Играчите на Реал веднаш му се нафрлија на судијата Манцано. Најжесток во протестите беше Џуд Белингам и судијата му покажа директен црвен картон поради погрдните зборови кои му ги испрати.
Реал Мадрид се жалеше за црвениот картон. Сепак, Шпанската фудбалска федерација не ја прифати жалбата и Англичанецот ќе биде суспендиран на два натпревари, а ќе ги пропушти дуелите против Селта и Осасуна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













