Connect with us

Нејмар најави сензационален трансфер во Интер Мајами?

Нејмар потврди дека би сакал повторно да игра покрај Лионел Меси, со што на медиумите им даде навестување за можен трансфер од Саудиска Арабија во САД. Бразилскиот напаѓач е член на Ал-Хилал и е повреден подолго време, а според некои пишувања можеби веќе го одиграл последниот натпревар за саудискиот клуб.


Меси моментно е член на Интер Мајами каде што е опкружен со поранешните соиграчи од Барселона, Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс. Играше со Нејмар во Пари Сен Жермен, а со него и Суарез го формираа легендарното напаѓачко трио на Барса – „МСН“.

„Се надевам дека повторно ќе играме заедно. Лео е одлична личност. Мислам дека е среќен, а ако е среќен, јас сум среќен поради него”, изјави неодамна Нејмар, кој го пропушта остатокот од сезоната поради повреда на коленото.

Позната е желбата на Најмер да се испроба во МЛС-лигата. Минатата година на прашањето дали ќе се пензионира во родниот Бразил, тој одговори дека не е сигурен во тоа и дека би сакал да игра во Соединетите Американски Држави.

Нејмар минатата година пристигна во Ал-Хилал и потпиша договор до крајот на сезоната 2024/25, наводно за 200 милиони евра. Пред повредата постигна еден гол на пет натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови