Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, нема да може да смета на Кристофер Нкунку во следните три недели. Напаѓачот мора да мирува поради повредата на бутниот мускул со која се здоби пред неколку дена на тренинг. Поради ова тој ја пропушти победата од 4-0 против Престон во ФА купот.
Кристофер Нкунку му се приклучи на Челси во летото 2023 година од Лајпциг, но повредата на коленото го оддалечи до втората половина на декември.
26-годишниот Французин досега забележа само четири настапи за лондончани, постигнувајќи само еден гол во поразот со 2-1 од Вулверхемптон во Премиер – лигата.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













