Поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, сака да се врати во Премиер – лигата по околу шест месеци минати во Саудиска Арабија.
Англичанецот има сериозни проблеми да се прилагоди на животот и на играта на Ал-Етифак откако летото го комплетираше трансферот вреден 12 милиони фунти.
Покрај тоа, тимот е во лоша форма, што става под сериозен притисок уште една легенда на „црвените“, тренерот на тимот, Стивен Џерард.
Хендерсон беше критикуван за неговата преселба во Саудиска Арабија од самиот почеток, бидејќи многумина го сметаа за предавство. Проблем за играчот од средниот ред е топлото време и високата влажност, а тој лично се жали и на слабата посетеност на натпреварите.
Сето ова го тера да размислува за враќање во Премиер – лигата. Фулам, Кристал Палас и Њукасл бараат играчи од средниот ред во јануари, но Хендерсон ќе мора да се согласи на значително намалување на платата доколку сака да се врати на Островот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













