Интер оствари победа од 2-1 против Верона во 19. коло од Серија А во луда завршница на натпреварот и се одлепи од Јувентус со пет бода предност. Напаѓачот на гостите, Томас Анри, имаше шанса да израмни буквално во 100. минута од судиското надополнување, но неговиот удар од белата точка заврши во дирекот.
Поради ова добил смртни закани, а потоа објави на социјалните мрежи.
„На сите луѓе кои мислат дека знаат нешто за фудбалот и кои сакаат мене и моето семејство да умреме, им посакувам да најдат мир во нивните мали животи. Грешките се дел од спортот и јас ќе продолжам да работам за да бидам подобар од порано. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш, понекогаш постигнуваш гол, понекогаш грешиш. Тоа е животот на еден фудбалер. Горд сум затоа што успеав да постигнам гол на „Џузепе Меаца“ откако се опоравив од тешката повреда. Тоа што не те убива те прави посилен“, напиша Анри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













