![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/01/mesi-zlatna-topka-3.jpg)
ПСЖ е вмешан во нова скандалозна афера поврзана со Лионел Меси. Францускиот гигант лобирал и подмитувал новинари да гласаат за Меси да ја добие „Златната топка“. Овие информации се појавија во француските медиуми за истрагата против Паскал Фере, поранешниот главен уредник на „Франс фудбал“, за неговата наводна улога во изборот на Аргентинецот за победник на „Златната топка“ во 2021 година.
Тоа е приказна која дополнително го нарушува имиџот на Пари Сен Жермен и покренува прашања за признанијата што им се доделуваат на играчите од овој клуб низ годините.
Клубот на Насер Ал-Келаифи наводно му понудил на Фере неколку подароци меѓу 2020 и 2021 година, кога тој беше задолжен за организирање на анкетата за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. Тие биле во форма на билети за натпревари на „Капитал клуб“, лет на деловна класа „Катар ервејс“ во вредност од 8.986 евра и други.
Всушност, според документот, кој веќе го објавија „Liberation“, „L’Equipe“, „Mediapart“ и „Le Monde“, истражителите кои ги водеа истрагите на ПСЖ се фокусираа конкретно на Фере.
Поранешниот новинар, кој имаше специфична одговорност за организацијата на Златната топка, се вели дека одиграл важна улога, во согласност со желбите на парижаните, Лионел Меси да победи во 2021 година, веднаш по неговото пристигнување на „Паркот на принцовите. “
Претходно веќе се шпекулираше дека ПСЖ е подготвен да направи се за да се осигура дека „Златната топка“ во 2021 година ќе му припадне на Лионел Меси како благодарност за потписот со клубот. Оваа верзија, која досега не се сфаќаше сериозно, но доби нова димензија со обелоденувањето на „Ле Монд“, повикувајќи се на протоколот на истрагата против ПСЖ. Тоа е уште една несакана полемика за поранешниот играч на Барселона, кој во последно време веќе беше жестоко критикуван за освојување награди што не ги заслужува.
Во 2021 година, Лионел Меси победи со тесна разлика (22,54%) пред полскиот напаѓач Роберт Левандовски (21,32%), кој имаше две прекрасни сезони со Баерн Минхен.
Левандовски кој ја пропушти „Златната топка“ во 2020 година (трофејот не беше доделен поради Ковид-19), уште еднаш не ја доби престижната награда.
Во меѓувреме, Паскал Фере и неговата придружба негираат дека имаат некаква врска со фаворизирањето на Лео Меси да ја освои „Златната топка“ во 2021 година. Тој како пример за својата објективност го наведе изоставувањето на Аргентинецот дури и од листата на номинирани за наградата во 2022 година и дека во 2021 година, кога Меси ја освои седмата од осумте негови „Златни топки“, Фере гласал за Роберт Левандовски за најдобар во светот.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/stefan-ristovski-dinamo-6-80x80.jpg)
Интернационалци
Канаваро: Ристовски ми пружи рака, ако не – ќе го убиев!
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/baern-so-verder-4-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Баерн сигурен против Вердер (ВИДЕО)
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/bojan-dimoski-partizan-2-80x80.jpg)
Интернационалци
Бојан Димоски го засили Партизан
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/10/lautaro-martinez-so-zvezda-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Арсенал се фокусира на Лаутаро Мартинез
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/elmas-torino-4-80x80.jpg)
Интернационалци
Елмас: Го послушав Горан Пандев и потпишав за Торино
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/medin-bajrami-rabotnicki-80x80.png)
Прва лига
Работнички се засили со Медин Бајрами
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/postekoglu-so-livepul-80x80.jpg)