Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во осминафиналето од Купот на Шпанија.
Како гости, „јорганџиите“ го совладаа третолигашот Луго со 1-3, а холандскиот напаѓач Мемфис Депај постигна два гола.
Избраниците на Чоло Симеоне поведоа по само две минути со голот на Анхел Кореа по асистенцијата на Хави Галан.
Луго успеа да израмни до крајот на првиот дел, а голот за домашниот тим го постигна Леонардо Антонети.
Мемфис Депај потоа ги презеде работите во свои раце и му донесе победа на Атлетико.
Холанѓанецот ја врати предноста за мадриѓаните во 66. минута, а осум минути подоцна со својот втор гол го потврди триумфот на Атлетико Мадрид од 1-3.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













