Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го изрази своето задоволство од драматичната победа на неговиот тим од 2-1 на домашен терен против Верона.
„Важно е да се добиваат вакви натпревари. Ми се допадна како играше тимот кога ја имаше топката, иако требаше да бидеме попрецизни. Се соочивме со квалитетен противник кој одигра одличен натпревар. Последните неколку минути го одземаа здивот. По израмнувачкиот гол на Томас Анри имавме неколку можности за гол. Потоа го постигнавме победничкиот гол и тие добија пенал. Беше нервозен натпревар, но ваквите натпревари се многу важни“, прокоментира Инзаги по натпреварот.
Интер во моментот има пет бода предност пред Јувентус на врвот на табелата во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













