Интер се зацврсти на врвот на табелата во Серија А откако ја победи Верона со 2-1 на „Џузепе Меаца“. Но, триумфот на Интер дојде по една луда инфаркт завршница во која Верона не успеа да реализира пенал.
Лаутаро Мартинез во 13.минута донесе водство за „нероаѕурите“ и се чинеше дека ова ќе биде рутинска победа. Но, Абри израмни во 74.минута, па Интер тргна со сите сили во напад.
Давиде Фратези постигна гол за водство од 2-1 во 94.минута, две минути подоцна Дарко Лазовиќ доби црвен картон, но Верона по асистенција од ВАР-собата доби пенал во 100.минута. Стрелецот Томас Анри ја презеде одговорноста и го погоди само дирекот.
Интер сега на врвот има 48 бода, пет повеќе од Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













