
Шпанскиот гигант Реал Мадрид и следното лето има намера да го доведе Килијан Мбапе, но само доколку тој до 15 јануари каже „да“ и даде гаранции дека нема повторно да се премисли доколку ПСЖ му достават нова и подобрена финансиска понуда.
„Кралевите“, од друга страна, ќе ја намалат некогашната понуда, која изнесубаше 180 милиони евра.
Доколку Мбапе потпише за Реал Мадрид оваа година, бројките ќе бидат поинакви и тој нема да биде фудбалер со најголема заработувачката во тимот. Дополнително, францускиот капитен нема да добие бонус од 100 до 150 милиони евра, како што беше првично ветено.
Како што открива „Ел Чирингито“, Флорентино Перез сака да му стави до знаење дека ова е неговата последна можност да дојде во Реал Мадрид, а исто така сака и да го „казни“ затоа што го изигра претходното лето.
Мбапе пред два дена истакна дека сѐ уште нема донесено никаква одлука и дека нема да брза, а тоа значи и дека нема да го испочитува ултиматумот на Реал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
