
Раководството на Баерн Минхен сакаат да го сменат тимот за следната сезона, па на продажба ставаат пет ѕвезди. Според новинарите на „Билд“, на излезна врата од клубот се Џошуа Кимих, Леон Горецка, Матијс де Лихт, Алфонсо Дејвис и Серж Гнабри, кои би можеле да бидат продадени следното лето.
Кимих се обиде да импресионира под водство на Томас Тухел, но неговите настапи на теренот не го убедија германскиот стручњак.
Германскиот гигант се обиде да го ангажира Жоао Палиња од Фулам во текот на летото, но не успеа да го комплетира договорот до крајот на преодниот рок. Горецка се соочува со слична неволја како Кимих.
Де Лихт пристигна во одбраната на Баерн како големо засилување од Јувентус, но не го импресионираше Тухел, па тој е во сенка на Ким Мин-Јае и Дајо Упамекано, додека клубот се обидува да го доведе Роналд Араухо од Барселона, кој е причината зошто Де Лихт може да биде продаден.
Со оглед дека Брајан Сарагоса ќе му се приклучи на клубот од Гранада во летото 2024 година, времето на Гнабри во Баерн, исто така, се чини дека заврши.
Алфонсо Дејвис долго време се поврзува со Реал Мадрид, кој прави сѐ за да го купи на крајот од сезоната. Канаѓанецот не го продолжи договорот со Баерн, не му се допаѓаат опциите од новиот договор кои баварскиот гигант е подготвен да му ги даде, па извесно е дека и тој ќе го напушти Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
