Македонскиот прволигаш Македонија ЃП упати жестоки критики кон судијата Стојанче Стојанов, но ги нападна и челниците на Судиската организација, поради недосудениот пенал на денешниот меч против Гостивар, кој „лавовите“ го загубија со 1-0.
„Не е само Стојанче Стојанов виновник за ваквите ситуации во 1 МФЛ. МАРЈАН РИСТЕСКИ и оваа СУДИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ се поголеми виновници и воедно потврдија дека се најслабата судиска во историјата на ФФМ, без никаков авторитет.
МАРЈАН РИСТЕСКИ и ДИМИТАР МЕЧКАРОВСКИ време е за оставки“, истакнаа од Македонија ЃП.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement