Џејдон Санчо ги одбројува деновите на „Олд Трафорд“. Со недели е целосно надвор од терените, медиумите пренесуваат дека не ни тренира, дека доаѓа кога сака и дека Ерик Тен Хаг целосно го отпишал.
Извори од Островот, но и од Германија откриваат дека Санчо би можел да се врати во Борусија Дортмунд, а Дониел Мален да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Тој ја загуби довербата кај Един Терзиќ и клубот е подготвен да го продаде за адекватна понуда. Иако Јунајтед не би понудил пари, Борусија би можела да се согласи за враќање на Санчо.
Мален оваа сезона постигна само пет гола на 19 натпревари, не ги оправда очекувањата, бидејќи пристигна во летото 2021 година од ПСВ Ајндховен за 30 милиони евра.
За тоа како играше Санчо во Дортмунд, излишно е да се зборува, на 137 натпревари постигна 50 гола и забележа дури 64 асистенции, па јасно е дека навивачите го чекаат со раширени раце.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













