Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, го коментираше поразот од Јувентус (0-1) во натпреварот од 15. коло на италијанското првенство.
„Она што ни недостига во моментов е одлучноста, која може да ја направи разликата во една ваква избалансирана игра. Јувентус се специјалисти за контранапади, но ние многу малку им дозволивме да ги реализираат. Некои елементи треба да се подобрат, вклучително и нивото на кондиција на играчите.
Секој кој знае фудбал, знае дека се случуваат вакви моменти. Моите момчиња одиграа одличен натпревар. Мислам дека доминираа на натпреварот, принудувајќи го Јувентус да се брани во својата половина речиси цело второ полувреме“, изјави Мацари.
Јувентус стигна до 36 бода и го зазеде првото место на табелата, еден бод пред Интер. Наполи е на петтото место со 24 бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













