Ливерпул покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. 20-годишниот германски офанцивец е желба на поголемиот дел од европските гиганти, а во редот се и Манчестер Сити, Баерн Минхен и Челси. Но, иако се чинеше дека „граѓаните“ и Баварците имаат предност за следното лето, веста за зголемениот интерес на Ливерпул ја промени сликата.
Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, е голем фан на Флоријан Вирц и го гледа како еден од ретките кои потенцијално би можеле успешно да го заменат Мохамед Салах. Иако Египќанецот отфрли огромни понуди од Саудиска Арабија минатото лето, многумина очекуваат тој да го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната.
Репутацијата на Клоп во Германија и неговите широки контакти гарантираат дека Ливерпул е вистински кандидат за Вирц, кој има шест гола и девет асистенции во сите натпреварувања оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













