Беса e лидер на табелата во Втората лига, откако славеше со 0-2 на гости против Караорман во седмото првенствено коло. Стрелци на головите за Беса во победата од 0-2 против Караорман беа Белули во 6. минута и Таипи во 81. минута.
Кожуф загуби со 3-4 на домашен терен во дуелот против Тетекс. Марио Станковски беше двпен стрелец за „текстилците“, погодувајќи во 16. и во 20. минута, откако Давид Спасовски претходно погоди во петтата минута. Во финишот, стрелаше Иво Јанакиевски.
Детонит Плачковица го декласира Башкими со 7-0. По два гола постигнаа Андреј Кудијан, Јусуф Алиу и Славчо Јанев, а во листата се запиша и Вилдан Керим.
Пелистер победи минимално на гости против Вардар Неготино со 0-1. Симеон Христов беше стрелец на победничкиот гол во 80.минута од дуелот.
Охрид ја победи Беласица во Струмица со голот на Мартин Ѓорѓиевски во 61. минута, а Скопје дома славеше со 1-0 го победи Арсими со голот на Идриз Османовиќ во 53. минута.
Осогово го победи Новаци на гостински терен со 1-2, головите на Паунов во 30. минута и на Лука Георгиев во 64. минута. Стрелец за домаќинот беше Стефан Јовановски во 73. минута.
Сашо Дуков беше двоен стрелец за Каменица Саса на дуелот против Победа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski