Големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, поради повреда го напушти теренот во шестото коло на француската Лига 1 против Олимпик Марсеј. Светскиот шампион со Франција од СП 2018 во Русија брзо закрепнува, што го потврди и тренерот на парижаните, Луис Енрике.
„Килијан тренираше со тимот, правејќи ги сите вежби без никакви непријатности. Ова е доста охрабрувачки. Тој се лекуваше цела недела и сега е во совршена состојба“, изјави Енрике, цитиран од RMC Sport.
Ова значи дека голема е веројатноста да го видиме Мбапе во акција за францускиот шампион во претстојното коло во Лига 1 вечерва против Клермон, како и против Њукасл во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













