Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Kелаифи изрази надеж дека големата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, и следната сезона ќе остане во парискиот тим. Се претпоставува дека францускиот репрезентативец е сигурно ново засилување за Реал Мадрид, но се чини дека преговорите меѓу двата клуба допрва треба да се одржат.
Мбапе летото беше многу блиску до заминување од ПСЖ, но тоа никогаш не се случи откако раководството на клубот и играчот влегоа во сериозна расправија, а ПСЖ му се закани на Мбапе дека ќе го закотви на клупата.
Мбапе на крајот беше вратен и ги продолжи своите настапи со тимот на ПСЖ по важни разговори со раководството.
Сепак, голема е веројатноста дека трансфер сагата за Мбапе ќе биде обновена на крајот од оваа сезона.
„Килијан Мбапе е играч на ПСЖ. Ние сме многу задоволни што го имаме. Ќе го имаме и следната сезона. Тој го сака овој клуб и е фантастичен играч. Тој е најдобриот фудбалер на светот. Среќни сме“, изјави Насер Ал-Келаифи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













