
Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) одговори на ултиматумот што го постави целата женска репрезентација во врска со скандалот со претседателот Луис Рубиалес кој ја бакна во усни фудбалерката Џенифер Хермосо по освојувањето на златниот медал на Мундијалот. Светските шампиони синоќа се заканија со бојкот доколку не си заминат претседателот на федерацијата и селекторот Хорхе Вилда.
Дополнително, самата Хермосо тврди дека Рубиалес лаже во објаснувањето дека добил нејзина дозвола да ја бакне. Таа пишува дека се чувствувала како жртва на агресија.
Во соопштението од фудбалската централа прецизираат дека учеството во репрезентацијата е задолжително кога ќе се испрати повик. Дополнително, на самата Хермосо и се заканува судска тужба бидејќи според федерацијата тоа што го кажала не е точно.
Во соопштението за медиумите, РФЕФ сподели четири фотографии од моментот на доделување на наградите по финалето на Светското првенство, што кулминира со бакнежот меѓу Рубиалес и Хермосо. Објаснувањето на Федерацијата е дека самата жена била активна, бидејќи го кренала претседателот во воздух, поради што не е возможно тој присилно да ја бакнал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
