Динамо Загреб направи голем чекор напред кон групите во Лига Европа, откако вечерва на дебито на новиот тренер Сергеј Јаќировиќ ја победија Спарта Прага со 3-1. Ајакс беше убедлив против Лудогорец на гости и славеше со 1-4.
Спарта Прага поведе во 39. минута со голот на Крејчи, но израмни Шпикиќ пред полувремето.
Дино Периќ во 59.минута ја најави победата на Динамо, а Лука Иванушец две минути обезбеди два гола предност пред реваншот во Чешка. Стефан Ристовски го одигра целиот меч.
Мохамед Кудус постигна хет-трик во Разград, а Броби дополни уште еден гол за Ајакс во триумфот од 1-4 против Лудогорец.
Карабах со 0-2 славеше во Љубљана кај Олимпија, додека Славија Прага со 2-0 го победи Днипро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













