Connect with us

ПСЖ не ја активираше откупната клаузула за Дембеле, но преговорите продолжуваат

Францускиот првак Пари Сен Жермен до синоќа до полноќ не ја активираше отштетната клаузула за трансферот на Осман Дембеле. Според договорот, таа до синоќа изнесуваше 50 милиони евра, а веќе од 1 август се зголемува на 100 милиони евра.


Сепак, ПСЖ поради административните проблеми не стигна навреме да ја активира клаузулата од 50 милиони евра за Дембеле.

Во секој случај, преговорите продолжуваат, со тоа што сега Барселона ќе може да побара поголема отштета за Французинот.

Дембеле веќе ги има договорено личните услови со ПСЖ за петгодишна соработка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови