
Астон Вила сака да го ангажира напаѓачот на Барселона, Феран Торес. Според „Ел Насионал“, клубот од Бирмингем веќе дал конкретна понуда за шпанскиот интернационалец. Понудата е вредна 20 милиони евра плус бонуси од 10 милиони.
Оваа сума не му одговара на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој се надева дека ќе го продаде Торес за најмалку 30 милиони евра.
Желбата на самиот фудбалер е да остане на „Камп Ноу“. Добро се подготви и очекува да има поважна улога во тимот на Чави Хернандез во новата сезона.
Евентуалниот договор за напаѓачот е компликуван и поради претстојната разделба на Барселона и Осман Дембеле. Французинот наводно веќе ја прифатил понудата на Пари Сен Жермен.
Минатата сезона Феран Торес одигра 33 натпревари во Ла Лига и постигна четири гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)
