
Италијанскиот калчолигаш Наполи е блиску до потпис со дефанзивецот на Штутгарт, Константинос Мавропанос. „Швабите“ се подготвени да се разделат со 25-годишниот Грк за околу 20 милиони евра. Ова е помалку од половина од сумата што „наполитанците“ ја доби за Ким Мин-Јае од Баерн Минхен.
Мавропанос е поранешен играч на Арсенал, а во Германија играше за Нирнберг пред да се пресели во Штутгарт во 2020 година. Минатата сезона настапи на сите 34 натпревари на тимот во Бундес-лигата, постигнувајќи 3 гола.
Другите опции на Наполи за замена на Ким Мин-Јае се Макс Килман од Вулверхемптон и Кевин Дансо од Ленс, но и двете би чинеле повеќе од Мавропанос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)
