Напаѓачот Маркус Рашфорд призна дека размислувал да го напушти Манчестер Јунајтед пред доаѓањето на менаџерот Ерик тен Хаг.
25-годишниот англиски репрезентативец изјави дека холандскиот стручњак му ја дал потребната слобода, што се покажало како клучно за неговата одлука да продолжи да игра на „Олд Трафорд“.
Минатата сезона, која беше прва за Тен Хаг како менаџер на Манчестер Јунајтед, Рашфорд постигна рекордни во кариерата 30 гола во сите натпреварувања. Со нив тој им помогна на „црвените ѓаволи“ да завршат на третото место во Премиер – лигата и да го освојат Лига купот.
Рашфорд на почетокот на овој месец потпиша нов петгодишен договор со клубот.
„Пред да дојде менаџерот, размислував за промена. Во фудбалот тоа се случува, но секогаш има причина. Неговото доаѓање имаше големо влијание врз мене. Тој ми даде слобода. Во минатото бев во многу статична улога и Не можев да уживам во играта. Јас сум таква личност што мојот настап влијае на моето расположение. А кога не сум среќен, не можам да го играм мојот најдобар фудбал“, објасни Рашфорд.
Манчестер Јунајтед моментно се подготвува за стартот на сезоната во Премиер – лигата. Првиот натпревар на тимот е на 14 август против Вулверхемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













